Макарони во зеленчук

Макарони во зеленчук

За следниот ручек ви предлагаме да подготвите тестенини, односно макарони во зеленчук.

Состојки:

  • 1 пакување макарони
  • 3 лажици масло
  • 150 гр полутврдо сирење
  • 150 гр тиквици
  • 100 гр модар патлиџан
  • 2 лажици пињоли

Начин на подготовка:

  1. Патлиџанот и тиквиците исечкајте ги на коцки. На загреано масло печете ги тиквиците да омекнат. Извадете ги и ставете ги во сад во кој ќе ги запечете.
  2. На истото масло печете ги и патлиџаните па префрлете ги во садот со тиквиците.
  3. Згответе макарони, па додајте ги во зеленчукот, измешајте, посипете со изрендано сирење и пињоли.
  4. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text