Бомбици со бадеми

Бомбици со бадеми

Направете ги највкусните слатки топчиња со бадеми, бомбици на кои им нема замена.

Ова е рецептот за слатките топчиња:

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 250 гр бадеми
  • 1 шолја вода

Состојки за глазура:

  • 2 реда чоколадо
  • 2 лажици шеќер
  • 4 лажици сварено кафе

Начин на подготовка:

  1. Се прави смеса од шеќерот и шолја вода, а кога ќе зоврие и ќе почне да испушта меури, се трга од оган и се додаваат обарените и излупени бадеми.
  2. Ја оставаме смесата да се олади, па од неа се прават топчиња.
  3. Се става врз нив глазурата која ќе ја направите од 2 реда чоколадо растопено со 2 лажици шеќер и 4 лажици кафе.
  4. Потопете ја секоја бомбица во глазурата, па извадете ја и оставете да се олади во ладилник.

Уживај и готво со љубов 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

singlepost_text