Вкусна и посна мусака без месо која лесно се прави, а е вистински деликатес.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 1 главица кромид
- 4 пиперки
- 1 шолја ориз
- 3 компири
- 1 шолја доматно пире
- 1 лажица брашно
- 1/2 лажица црвен пипер
- масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Компирот исечете го на тенки кругови.
- Кромидот исечете го ситно, па динстајте го на малку масло и вода. Додајте му ја пиперката исечена на коцки и продолжете со динстањето.
- По 15 минути додајте ги оризот, чаша вода и доматното пире. Ставете сол и бибер. Оставете оризот да поврие за да омекне.
- Откако е готова смесата и водата изврила, земете тепсија и подмачкајте ја со малку масло. Ставете ред компири, па од смесата, потоа уште еден ред компир.
- Разматете лажица брашно со црвен пипер и вода и посипете ја мусаката со тоа.
- Печете во рерна на 220 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: