Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а тоа секако значи дека не треба да јадеме било што, туку одбрани намирници. Иако најчесто го започнуваме денот со пекарски производи, тоа е многу штетно и не треба да го правиме.
Иако секое пециво е многу вкусно, тоа во себе има адитиви, сол и шеќер, па тоа не е најдобра комбинација.
Солените пецива ја задржуваат водата во организмот, лиснатото тесто, пак, е месно и тешко сварливо, но и сиромашно со нутритивни вредности.
Лоша идеја се и овошните сокови рано наутро.
Соковите се полни адитиви како и шеќер, па иако даваат моментална енергија, потоа лесно и брзо ќе ви ја одземат.
Почитувајте ги овие правила и живејте здраво. Наутро јадете житарки, омлет и друга храна со протеини.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Појадокот со кој Кардашијан ослабе но ги задржа облините
Појадок со кој ќе топите килограми