Лесен и вкусен десерт: Чоколадни колачиња со брусница

Лесен и вкусен десерт: Чоколадни колачиња со брусница

Ако сакате брз и вкусен десерт, тогаш овој рецепт е вистинскиот избор за вас.

Вака се подготвуваат неверојатно вкусните чоколадни триаголници со брусница:

Состојки:

  • 5 лажици мед
  • 5 лажици шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр бело чоколадо
  • 200 гр мелени бисквити
  • 100 гр брусница
  • 50 гр суво грозје

Состојки за глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 4 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад се ставаат медот, шеќерот и маргаринот и се растопуваат на тивок оган. Се додава и белото чоколадо за да се стопи.
  2. Се трга смесата од рингла и се додаваат мелените бисквити, брусницата и сувото грозје, па сè се соединува со мешање.
  3. Се става смесата во плех и се остава да се излади пред да се стави глазура.
  4. За подготовка на глазурата се топи чоколадото на пареа заедно со маслото, а потоа се прелева глазурата врз колачот.
  5. Може да направите форми по желба или да украсите со кокос, чоколадни или шарени мрвици…

Уживајте во слаткиот вкус!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос