Доаѓаат најубавите празници: Направете вкусни новогодишни кекси

Доаѓаат најубавите празници: Направете вкусни новогодишни кекси

Доаѓа најубавиот период од годината кога градот ќе блесне во магијата на Божик и Нова Година. Елките ќе се накитат, улиците ќе засветат, семејството ќе се собере заедно на трпеза.

Ви нудиме супер лесен и брз рецепт за новогодишни колачиња.

Состојки:

  • 120 гр мед
  • 120 гр шеќер
  • 120 гр маст
  • 2 белки
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 500 гр брашно
  • 1 кесичка цимет

Начин на подготовка:

  1. Белките се матат со шеќерот, се додава жолчката, маст и мед, па сè добро се соединува.
  2. Се додава брашното измешано со сода и цимет, па се замесува тесто.
  3. Од тестото се вадат различни облици од новогодишни калапи и се редат на плех.
  4. Се пече во загреана рерна на 180 степени додека благо не поруменат или околу 15 минути.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече