„Швалер“ торта, богата и кремаста: Кој еднаш ќе проба, постојано ја прави

„Швалер“ торта, богата и кремаста: Кој еднаш ќе проба, постојано ја прави

Ви донесуваме рецепт за вкусен десерт со необично име – „швалер“ торта.

Состојки за 3 кори:

  • 15 белки
  • 45 лажици шеќер
  • 300 гр сечкани ореви
  • 6 лажици презла
  • 3 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 15 жолчки
  • 150 гр шеќер
  • 2 маргарина
  • 150 гр шеќер во прав
  • 2 пудинга од ванила
  • 500 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Кори: Направете 3 кори и тоа секоја посебно. Разматете 5 белки со 15 лажици шеќер, додајте лажица брашно и 3 лажици презла, малку сок од лимон и на крај 100 грама сечкани ореви. Плехот обложете го со хартија за печење, ставете ја смесата и печете 20 минути на 150 степени. Така напавете 3 кори.
  2. Фил: Разматете 15 жолчки со 150 гр шеќер на пареа. Оставете да се излади. Посебно згответе 2 пудинга од ванила во 1/2 л млеко, па и тоа додајте го во изладениот фил. Разматете 2 маргарина со 100 гр шеќер во прав и соединете со изладениот фил. Сè добро измешајте.
  3. Филувајте ја тортата. Премачкајте ја со фил и од горе. Ставете шлаг пред послужување.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

singlepost_text