Направете вкусна пилешка салата со интегрални макарони. Кремава текстура која не се заборава. Совршен рецепт за новогодишните и божиќните празници кои ни се пред праг.
Ова е рецептот за вкусната салата:
Состојки:
- 200 гр интегрални макарони
- 150 гр Пекабеско замрзната пченка
- 300 гр пилешко месо
- 1 црвена пиперка
- 180 мл кисела павлака Пекабела
- 150 гр мајонез
- оригано
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Интегралните тестенини се варат со малку сол, па се цедат. Се вари посебно пченката со малку сол и се цеди.
- Се обарува пилешкото месо со малку сол и ситно се сече. Црвената пиперка се сече на ситни коцки.
- Во сад се ставаат тестенините, пченката, пилешкото месо, црвената пиперка, оригано, сол и бибер. Се добро се меша.
- Се додаваат павлаката и мајонезот, па повторно се промешува салатата.
- Оладете и сервирајте.
Добар апетит!
Повеќе рецепти за салати на Gotvi.mk:
Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе
Руска салата без мајонез и шунка