Гурмански полнет компир

Гурмански полнет компир

направете гурмански компир со совршен вкус од кој домот ќе замириса фантастично.

Ова е рецептот за овој деликатес:

IСостојки:

  • 4 поголеми компири
  • 200 гр Пекабеско пршута или сланина
  • 250 гр Пекабела павлака
  • 200 гр кашкавал
  • оригано

Начин на подготовка.

  1. Компирите убаво измијте ги и сварете ги со лушпите во солена вода.
  2. Пресечете ги на пола, па кога ќе се изладат издлабете ги.
  3. Ставете масло на огноотпорен сад, па наредете ги компирите во него.
  4. Ставете во секој компир од смесата која ќе ја направите на следниот начин – во сад соединете павлака, рендан кашкавал, ситно исечкана пршута и оригано.
  5. Печете 30 минути на 200 степени.
  6. Пред крајот на печењето ставете врз компирите уште малку кашкавал, па печете дополнителни 5 минути.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил