Домашни чварки: Се прават за миг, а нема кој не ги сака

Домашни чварки: Се прават за миг, а нема кој не ги сака

Чварките се дел од нашата кулинарска традиција и се подготвуваат во доцната есен, а се јадат цела зима.

Можете да ги послужите како главно јадење, со леб или кромид, а можете да ги јадете и како грицки.

Состојки:

  • 2 кг свинско сало
  • 4 дл млеко
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте го свежото сало, исечете го на поголеми коцки, ставете во поголем сад и прелијте со млеко. 
  2. На умерен оган, со постојано мешање со дрвена лажица, топете го салото додека мастта не престане да пенее и чварките не добијат убава румена боја. 
  3. Тргнете од оган и низ цедилка исцедете ја маста. Ставете ја мастта во сад да се излади. 
  4. Чварките исцедете ги, посолете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text