Ароматична палента – Не сте пробале нешто толку вкусно

 Ароматична палента – Не сте пробале нешто толку вкусно

Палентата е здраво и вкусно главно јадење, мезе или предјадење. Освен што има супер вкус, многу лесно и брзо се прави, па совршено е за оние кои имаат многу работни обврски.

Ви нудиме рецепт за малку поинаква и ароматична палента, која може да ја приготвите според следниот рецепт:

Состојки:

  • 300 гр палента
  • 1,5 литар вода
  • 4 лажички маслиново масло
  • 2 лажици босилек
  • 1 лажица иситнет магдонос
  • 60 гр изрендан пармезан
  • 1 лажица вегета
  • 20 гр маргарин или путер

Состојки за сос:

  • 100 гр мајонез
  • 150 гр кисела павлака
  • 1 лажичка куркума
  • малку сол
  • 1 лажичка магдонос

Начин на подготовка:

  1. Ставете ја водата во тенџере, па оставете да зоврие со вегетата и маслото. Тргнете ја од оган кога ќе зоврие и постепено со мешање додадете ја палентата.
  2. Додајте ги пармезанот, потоа босилекот и магдоносот, па добро измешајте. Вратете на оган уште 2-3 минути.
  3. Врелата палента ставете ја во сад па оладете ја.
  4. Направете го сосот – Ставете во сад павлака со мајонез, а дојдате и куркума, сол и магдонос. Убаво измешајте и соединете.
  5. Оладената палента ставете ја на даска за сечење, исечете коцки и потоа испечете ги со малку маргарин или путер, околу 10 минути додека да добијат боја.
  6. Вака подготвената палента послужете ја со сосот одозгора.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Трик за совршена палента – нема да видите грутче

Слатка палента на два начина

Палентата е многу здрава

Палента со сланина и сирење

Лазања со палента

Палента помфрит 

Стави јајце среде палентата