Штити од заболувања и забавува стареење – Зошто е важен „витаминот на убавината“

Штити од заболувања и забавува стареење – Зошто е важен „витаминот на убавината“

Витаминот Е спаѓа во групата витамини кои се растворливи во масти, а се содржи во сите наши ткива во телото.

Најголемата концентрација се наоѓа во хипофизата. Телото не го произведува, па затоа мора да се внесува преку исхраната и е многу важен за телото.

Помага да се ослободиме од штетните радикали, го забавува стареењето, и помага да се спречат рак на простата и друг вид рак.

Делува и антиканцерогено, како и антибактериски. Го држи и холестеролот на ниско ниво, штити од болести на срцето, оштетување на артериите, како и од создавање грутки на крвта.

Помага и за раст и развој на мускулите.

Го има во следните намирници:

Сладок компир
Манго
Сончогледово масло
Кикирики
Маслинки
Јајца
Соја
Пченка
Авокадо
Зелен зеленчук

Имајте на ум дека готвењето на овој тип на храна може да го намали количеството на витаминот Е во намирниците и до 70%, па почесто консумирајте дел од овие намирници свежи.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Додајте една состојка во маслиновото масло и нема да се разболите

Измешајте кафе и маслиново масло за усните

За маслото да не прска при пржење – има лесен трик, нема да се горите повеќе

Чај за желудникот – нема да имате мака

Чај кој лекува од сите болести и чисти од отрови

Чај против слабокрвност

Домашни чајни кекси

Чај од шумска јагода

singlepost_text