Се меша, реди и премачкува – Торта со неверојатен вкус

Се меша, реди и премачкува – Торта со неверојатен вкус

Направете лесна и вкусна торта за која нема мака – само се реди, се матат состојките и се премачкува.

Ова е рецептот за тортата која не може да биде полесна:

Состојки за кора.

  • 3 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 кеса прашок за пециво

Состојки за крем:

  • 700 мл хопла
  • 2 пудинга од ванила
  • 1 желатин
  • 100 гр чоколадо за готвење

Состојки за глазура:

  • 100 гр млечно чоколадо
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка.

  1. За кората се замесува тесто од сите состојки, се става на плех и се пече 10 минути на 200 степени.
  2. За кремот се мати хоплата, се додава пудингот подготвен по упатството на кесичката, потоа желатинот и се соединува.
  3. Се сецка 100 грама чоколадо за готвење и се додава во кремот, па се мачка кората.
  4. Се топи чоколадото во масло за да добиете глазура и се разлева врз колачот.

Повеќе на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече