Направете вкусен ручек од три состојки, кој ќе ви заштеди пари.
Ова се состојките и подготовката:
Состојки:
- 500 гр пилешко филе
- 1 кеса крем супа од печурки
- 200 мл павлака за готвење
Начин на подготовка:
- Пилешкото се сече на тенки шницли.
- Во сад се става содржината од крем супата и секоја шницла убаво се поминува во неа.
- Потоа се редат шницлите во огноотпорен сад.
- Се става врз нив павлаката за готвење и се пече на 200 степени околу 30 минути.
- Се исклучува рерната и се остава уште 15 минути да отстои внатре.
- Може да послужите со обарен карфиол или брокула.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Гурманско мелено пилешко со зеленчук