Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг

Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг

Направете вкусна и здрава чорба од спанаќ. Ќе ви помогне и доколку сте болни, а ова се потребните намирници и подготовката:

Состојки:

  • 250 гр спанаќ
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици тарана
  • 1,5 литри вода
  • сол
  • вегета
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Најпрво убаво се мие спанаќот, а потоа се сече ситно.
  2. Во лонец ставете го спанаќ на малку масло, па додајте го исецканиот лук и динстајте.
  3. Додајте го и брашното, па ставете ја водата.
  4. Оставете да поврие, па додадете ги и зачините во чорбата.
  5. Откако убаво ќе зоврие и малку ќе се згусне чорбата, додајте ја и тараната и варете уште 10 минути.
  6. Послужете ја чорбата со леб.

СОВЕТ: Наместо тарана можете да употребите и просо кое има хранлива вредност и одличен вкус.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Црвено бела чорба

Вкусна крем чорба од ориз

Чорба од печурки

Топла чорба е знак на есента

Крем чорба од печурки

Кремаста компир чорба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*