Нема повкусен десерт: Алва-торта (Видео рецепт)

Нема повкусен десерт: Алва-торта (Видео рецепт)

Направете алва-торта од која цело семејство прсти ќе излиже.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 700 гр крем шлаг
  • 300 гр бисквити
  • 150 гр цели бисквити плазма
  • 300 гр алва
  • 2 дл млеко
  • 3 лажици какао
  • 500 мл кисела вода
  • сребрени перли за декорација

Начин на подготовка:

  1. Се мати шлагот со кисела вода, и само мал дел се трга настрана за украсување.
  2. Алвата и мелената плазма се мешаат заедно во сад, па се додаваат на шлагот.
  3. Се ставаат целите бисквити во млеко, а потоа се редат на послужавник. Околу 300 грама од смесата се оделува за декорација, доколку сакате да ја направите како на видеото.
  4. Врз бисквитите се става филот, се премачкува тортата, па одозгора се премачкува со шлагот кој го тргнавме за украсување на тортата.
  5. За оние кои сакаат покреативна торта, од остатокот од смесата направете шеширче, како што е прикажано на видеото и украсете со сребрени перли.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

singlepost_text