Зимски колач од суви сливи

Зимски колач од суви сливи

Овој десерт за зимските денови е малку подзаборавен, но ви донесуваме рецепт за да ве потсетиме…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 250 гр путер
  • 250 гр шеќер од шеќерна трска
  • 200 гр брашно (половина меко, половина остро)
  • 25 гр какао
  • 400 гр сечкани суви сливи
  • 200 гр крупно мелени ореви (претходно малку пропечени)
  • 50 гр сечкано чоколадо
  • на врв на нож прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете путер и шеќер. Со матење додајте едно по едно јајце, а потоа брашно измешано со какао и прашок за печиво. 
  2. Со лажица измешајте суви сливи, ореви и чоколадо. 
  3. Печете на 180 степени, околу 40 минути, во округол плех за торта со пречник од 26 см, обложен со хартија за печење која е благо намастена со путер.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text