Едноставно и брзо до комплетен оброк или малку „појак“ прилог со варено месо или риба.
Состојки:
- 1 главица карфиол
- 2 лажици маслиново масло
- 1 јајце
- 1 лажица брашно
- 1 шолја млеко
- 1/2 главица лук
- 1 лажица вински оцет
- зачин од сушен зеленчук
- мелен бибер
Начин на подготовка:
- Карфиолот исчистете го, одвојте го на цветови и измијте го. Обварете го во солена вода во која сте додале лажица вински оцет.
- Обварениот карфиол пропржете го на загреано масло, додајте ситно сечкан лук, бибер и сол. Ставете во огноотпорен сад.
- Разматете едно јајце, шолја млеко, лажица брашно и лажица зачин од сушен зеленчук. Добиената смеса прелијте ја преку карфиолот и запечете во загреана рерна додека не фати кора.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути