Ова е рецепт за совршено тесто кое не може да не ви излезе убаво. Со овој рецепт, тестото ќе го правите само на овој начин.
Во продолжение ви ги откриваме состојките и начинот на подготовка:
Состојки:
- 1 кг брашно
- 500 гр млако млеко
- 200 мл јогурт
- 2 јајца
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 квасец
Начин на подготовка:
- Се става брашното во длабок сад, па на средината се прави дупка, а таму се става малку млако млеко и квасец со лажиче шеќер, па се остана неколку минути за квасецот да набабри.
- Се додаваат останатото млеко, заедно со јогуртот, јајцата и солта, па се мешаат и се замесува тесто.
- Потоа, тестото се прекрива со крпа. Се остава да нарасне, а потоа од него може да направите пита, кифли…по ваш избор.
- Ако не го потрошите дента, истиот ден, можете да го чувате во ладилник за наредните неколку денови.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Меко тесто исполнето со топол фил и слатки праски
Пица за 15 минути, не се чека тестото да нарасне