Брз и евтин: Посен колач со нескафе

Брз и евтин: Посен колач со нескафе

Подгответе неодолив колач од само неколку состојки…

Состојки за кори:

  • 100 гр шеќер
  • 100 гр посен маргарин
  • 100 мл вода
  • 1 кесичка нескафе
  • 300 гр брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

Состојки за фил:

  • 700 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 4 кесички нескафе
  • 7 лажици густин
  • 250 гр посен маргарин
  • 300 гр посен шлаг
  • кисела вода (по потреба)

Начин на подготовка:

  1. Разматете 100 гр шеќер и 100 гр маргарин. Во 100 мл вода ставете кесичка нескафе. Соединете ги брашното и прашокот за печиво. Сите состојки соединете ги и замесете глатко тесто.
  2. Тестото поделете го на три дела. Секој дел развлечете го на хартија за печење и ставете на превртен плех. Печете на 220 степени околу 10 минути.
  3. За филот, измешајте 600 мл вода со 200 гр шеќер и 4 кесички нескафе, па ставете да зоврие.
  4. Разматете 100 мл вода и 7 лажици густин па додајте во врелата вода и згответе фил.
  5. Посебно разматете маргарин и соединете со изладениот фил.
  6. Шлагот разматете го со кисела вода. Тортата филувајте ја по следниот редослед: кора, фил, шлаг, кора, фил, шлаг, кора, фил, шлаг.
  7. Украсете ја тортата по желба.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text