Домашни полнети панцероти: Од надвор крцкави, од внатре сочни (Видео)

Домашни полнети панцероти: Од надвор крцкави, од внатре сочни (Видео)

Топли, меки и превкусни пица панцероти кои ќе ве освојат уште на првиот залак…

Состојки:

  • 500-600 гр брашно
  • 3 јајца
  • 100 гр сирење
  • 200 гр сувомеснато
  • 20 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • малку масло
  • 100 гр кашкавал
  • кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Во млако млеко растопете квасец со шеќер, потоа додајте две јајца, млеко и јогурт, малку масло, брашно и прстофат сол.
  2. Замесете глатко тесто. Оставете го на топло да нарасне.
  3. Развлечете го на половина сантиметар, па со чаша вадете крофнички.
  4. Исечкајте го сувомеснатото, а сирењето издробете го. Во секоја крофничка ставете малку кечап, малку сувомеснато, од горе малку сирење и кашкавал, како и оригано.
  5. Составете ги рабовите и спојте. Со вилушка добро притиснете ги рабовите. Покријте со крпа малку да нараснат па премачкајте ги со жолчка.
  6. Печете ги панцеротите на 200 степени 20 минути.
  7. Послужете со јогурт или кисело млеко.

 

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*