Направете вкусни плескавици од пилешко месо, тиквички и лукче, која има неодолива арома и ќе ги освои и најпребирливите вкусови.
Ова е рецептот за вкусниот ручек од кој сите ќе бараат репете:
Состојки:
- 500 гр пилешко месо
- 2 изрендани тиквици
- 2-3 чешниња лук
- 3-4 лажички ситно сечен коријандер
- 1 лажичка сол
- бибер
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Пилешкото бело месо, тиквиците, коријандерот и лукот се сечат ситно и се зачинуваат со сол и бибер.
- Смесата треба да содржи доста вода од тиквиците, па вишокот исцедете го.
- Направете мини плескавици од смесата.
- Загрејте масло на оган, па секоја мини плескавица испржете ја.
- Добар апетит.
На здравје!
Поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Полнет ананас со ориз и пилешко
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос
ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук
Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки
Гурманско мелено пилешко со зеленчук
Наполни главица кромид со мелено месо
мелено месо со зеленчук од тава