Вкусен ролат од спанаќ и компири со јајца

Вкусен ролат од спанаќ и компири со јајца

Ролат кој освојува на прв залак!

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 1 главица кромид
  • 350 гр спанаќ
  • 7 јајца
  • 50 гр путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги во посолена вода. Кога ќе се изладат, излупете ги и изрендајте ги.
  2. Спанаќот потопете го во посолена врела вода. Исцедете го и ситно исечкајте го. Додајте го спанаќот во изренданите компири заедно со изрендан кромид.
  3. Во смесата додајте 3 разматени јајца. Смесата зачинете ја со сол и бибер по вкус. Сè измешајте, додека не добиете хомогена смеса. Развлечете преку алуминиумска фолија.
  4. Останатите јајца сварете ги и излупете ги. Ставете ги во едниот крај на кората со спанаќ.
  5. Со помош на фолијата кората свиткајте ја во ролат и ставете ја во намастен плех.
  6. Прелијте со растопен путер и печете на 200 степени.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*