Фини плескавици од тиквици: Рецепт кој ќе го обожавате (Видео)

Фини плескавици од тиквици: Рецепт кој ќе го обожавате (Видео)

Брзо, вкусно и неодоливо јадење – плескавици од тиквици по рецептот на „Бабина кујна“.

Состојки:

  • 1 поголема тиквица
  • 2 јајца
  • 2 лажици презла
  • 4-5 лажици гриз
  • 1/2 прашок за печиво
  • масло
  • бибер
  • сол
  • пипер

Начин на подготовка:

  1. Излупете ја тиквицата, изрендајте ја на ренде за јаболка и посолете. Оставете половина час, па исцедете.
  2. Додајте презла, гриз, прашок за печиво, јајца, бибер, може и пипер. Измешајте и формирајте мали плескавици, па пржете ги во масло. Вадете ги на хартиена салфета за да ја впие маснотијата.
  3. Сервирајте ги со пире од компири или сос по избор.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text