Направете вкусни пиперки со сенф, кои ќе ви бидат незаменливо мезе на трпезата.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 2,5 кг пиперки во различни бои
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 4 дл вода
- 1 л оцет
- 400 гр сенф
- 1 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- 250 мл масло
Начин на подготовка:
- Ставете ги пиперките кои претходно сте ги исечкале заедно со сецканите кромид и лук, водата и оцетот да се варат. Кога ќе зовријат, оставете ја смесата на оган уште 10 минути.
- Ставете ги во цедалка и оставете да се цедат цела ноќ.
- Изматете ги сенфот со солта, шеќерот и маслото и заедно со пиперките соеднинете ги и ставете ги во тегли.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Направете кисела зелка за 10 дена