Најбрзите пилешки ќофтиња – готови за миг

Најбрзите пилешки ќофтиња – готови за миг

Овие ќофтиња можете да ги подготвите брзо и лесно, а одлични се со шпагети и сос од домати.

Состојки:

  • 1/2 кг бело пилешко месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • малку магдонос
  • 2 компири
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Вареното бело месо исечкајте го на ситно. Кромидот и лукот исечкајте ги, а варените компири изрендајте ги. Добро измешајте ги сите состојки.
  2. Оваа смеса посолете ја и побиберете ја и додајте сечкан магдонос.
  3. Обликувајте топчиња или мини плескавици.
  4. Наредете ги ќофтињата во плех обложен со хартија за печење.
  5. Печете 15-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте