Колку и да чистиме често, многумина од нас имаат проблем со прашината која постојано се собира на мебелот и предметите.
Даваме пари за скапи препарати. Дел од нив помагаат, дел воопшто не го даваат посакуваниот ефект, но сепак постои и решение за прашината кое може да го подготвите сами во кујната.
Ефикасно, а воедно и не е штетно за нашето здравје. Исто така, евтино и брзо. Еве како да направите домашен спреј кој ја одбива прашината.
Состојки:
- 1 шолја вода
- 1,4 шолји алкохолен оцет
- 2 лажички маслиново масло
- 10 капки есенцијално масло по желба
Подготовка и употреба:
- Се мешаат сите состојки во празно шише, и добро се протресува шишето пред употреба.
- Се прскаат сите површини или се става од спрејот на крпа и се поминува врз предметите и мебелот.
Инаку, оваа комбинација е моќна бидејќи оцетот е познат како универзално средство за чистење и отстранување дамки, малиновото масло нема да дозволи прашината брзо да се собира, а есенцијалното масло, има антибактериско дејство и остава опоен мирис.
Верувајте, ќе бришете прашина поретко.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите
Белите патики ќе бидат како нови – Еве како едноставно да ги исчистите
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека
Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките