Нема печење, вкусот е одличен – Торта со ореви

Нема печење, вкусот е одличен – Торта со ореви

Направете вкусна и брза торта со ореви. 

Ова се потребните намирници и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 700 гр кисела павлака
  • 200 гр шеќер во прав
  • 300 гр мелени бисквити
  • 250 гр мелени ореви
  • 100 гр рендано чоколадо
  • 200 мл млеко
  • 150 гр плазма

Начин на подготовка:

  1. Изматете ја слатката павлака, но внимавајте да не биде премногу цврста.
  2. Изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав. Додајте ја во неа и слатката павлака и соединете со мешање.
  3. Смесата поделете ја на два еднакви дела, во едниот додадете ги мелените бисквити, во вториот оревите и чоколадото.
  4. Во подлабока тепсија ставете фолија, па филот со оревите и чоколадото. Израмнете, па ставете го филот со бисквити одозгора.
  5. Ако делот со бисквитите стоел подолго време и е поцврст, слободно ставете малку млеко и промешајте. Не смее да биде премногу цврст бидејќи нема да се размачка врз другиот фил.
  6. Одозгора ставете ја плазмата и останатото млеко, откако претходно сте ги измешале.
  7. Ставете во ладилник 2-3 часа па свртете ја тортата од другата страна кога ќе ја извадите од фолијата.
  8. Украсете по избор.

Уживајте во слаткиот вкус 🙂

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече