Комбинација од риба и зеленчук со неодолив сос…
Состојки:
- 1 портокал
- 1 лажица путер
- 300 гр ориз
- сол
- 800 гр филети бакалар (или некоја риба по избор)
- 2 лажици сок од лимон
- 200 гр коктел домати
- 400 мл бујон од риба
- бибер
- 200 мл неутрална павлака
- 1 лажица куркума
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
Начин на подготовка:
- Измијте и изрендајте кора од портокал, исцедете и сок. Дополнете го сокот со вода до количина од 600 мл. Загрејте путер и кратко пропржете го оризот. Залијте со мешавина од сок и вода и додајте ја кората од портокал. Гответе околу 15 минути.
- Исечете ја рибата на парчиња и прелијте ја со сок од лимон. Исечкајте го зеленчукот на тенки листови.
- Загрејте го бујонот, зачинете ги филетите и гответе ги во бујонот кој благо струи околу пет минути. Извадете ги филетите, а во бујонот измешајте павлака и куркума, па згответе.
- Згответе ги доматите во тоа околу 2 минути, извадете ги и измешајте ги со оризот, а сосот зачинете го сенф, мед, сол и бибер. Вратете ја рибата и подгрејте ја во сосот околу 2 минути. Сервијате со ориз.
Добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден