Посни чоколадни коцки со јаболка

Посни чоколадни коцки со јаболка

Направете вкусни чоколадни коцки со јаболка, за сечиј вкус и џеб.

Вака се подготвува вкусниот десерт:

Состојки:

  • 3 рендани јаболка
  • 2/3 шолја шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр посно чоколадо
  • 1 шолја гриз

Начин на подготовка.

  1. Ренданите јаболки се ставаат во сад со шеќерот, гризот и прашокот за пециво. Се мешаат и откако добро ќе се соединат, смесата се остава да отстои 2 часа.
  2. Плехот за печење се обложува со хартија, се става смесата на хартијата и се пече 15 до 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
  3. Чоколадото растопете го со малку маргарин и се прелева колачот кога ќе се извади од рерна.
  4. Исечете го на коцки и послужете. Можете одозгора да додадете и кокос.

Уживајте во слатките деликатеси 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Триаголници со крем бананчиња

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Црно бела торта

Песок торта

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта