Чоколадни пралине од путер од кикирики и мармалад

Чоколадни пралине од путер од кикирики и мармалад

Кремасто полнење, освежувачки мармалад или џем по избор и крцкаво чоколадо секако се добитна комбинација. Во оваа комбинација најдобро се сложуваат киселкасти овошни вкусови како портокал и капини, посебно ако станува збор за домашен џем или мармалад.

Состојки за топчиња:

  • 4 лажици путер од кикирики
  • несолен путер
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка шеќер во прав

Состојки за прелив:

  • 100 гр чоколадо
  • 2 лажици мармалад или џем по желба

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки за топчињата, обликувајте ги и изладете ги.
  2. Извалкајте ги во мармалад или џем по желба. Растопете го чоколадото па во него внимателно спуштајте ги топчињата.
  3. Оставете ги на студено место за чоколадото да стегне. Пред послужување топчињата оставете ги кратко на собна температура.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*