Нема долго стоење на нозе и мака: Брзи кифлички

Нема долго стоење на нозе и мака: Брзи кифлички

Направете ги најбрзите кифлички кои се топат во уста и шират совршен мирис низ целиот дом.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 дл масло
  • 1 кисело млеко
  • 1 квасец
  • 2 дл топло млеко
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се става во млекото и се остава малку да отстои за да нарасне.
  2. Потоа се додаваат сите состојки, освен јајцето и сусамот и се меси тесто. Се развлекува во круг и од него се сечат триаголници кои се виткаат во кифлички.
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени, а во меѓувреме оставете ги кифличките на плех да отстојат.
  4. Премачкајте ги со јајце и печете 15 минути. Додајте им горе и сусам.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Кокос кифлички

Чоколадни кифлички

Слатки кифлички кои се топат во уста

Кифли со месо меки како душа

Кифлички со кајсии

Лиснати кифлички полни кашкавал

Интегрални кифлички

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*