Печена тиква од рерна на три начини (Видео)

Печена тиква од рерна на три начини (Видео)

Вкусен, здрав и евтин десерт…

Ви донесуваме три начини за подготовка на тиква:

Цела тиква

За да испечете тиква во цело парче потребно е да ја измиете од надвор. Потоа со нож и со вилушка избодете ја тиквата по целата површина, ставете ја на тепсија и печете ја околу еден час на температура од 200 степени.

Ако тиквата е поголема, потребно е подолго печење. Готовата тиква пресечете ја на половина, извадете ги семките и искористете ја за разни рецепти.

Тиква во парчиња

Измијте ја тиквата од надвор, исечете ја на парчиња, наредете ги парчињата на хартија за печење и печете на 200 степени околу 40 минути.

Уште врели посипете ги парчињата тиква со шеќер или мед и послужете. Исто така, може да се користат во подготовка на јадења и колачи.

Тиква на коцки со путер

Излупете ја тиквата, исечете ја на коцки, раширете ја на обложена тепсија, посипете со растопен путер, шеќер и цимет. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

singlepost_text