За следниот ручек ви предлагаме да подготвите гурмански палачинки полнети со свински врат и сирење…
Состојки за тесто:
- 2 јајца
- 200 гр меко брашно
- малку сол
- 3 лажици масло
- 300 мл мешавина од млеко и газирана вода
Состојки за фил:
- 150 гр сирење
- 200 гр свински врат Пекабеско
- 200 мл кисела павлака Пекабела
- малку сусам
- презла
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Сите состојки за палачинки разматете ги во смеса без грутки. Ако смесата е густа, додајте уште малку газирана вода за да добиете густина на тесто за палачинки.
- Оставете ја смесата 30 минути а потоа испржете ги палачинките. Тавата добро загрејте ја и пржете ги палачинките на јака температура по околу една минута од секоја страна.
- Намастете огноотпорен сад, посипете со малку сусам и презла по дното.
- Секоја палачинка тенко премачкајте ја со ситно сирење, ставете парче свински врат и свиткајте во ролна. Наредете ги палачинките во садот.
- Разматете кисела павлака со јајце и со тоа премачкајте ги наполнетите палачинки. Посипете по врвот со малку сусам и презла. Палачинките испечете ги на 200 степени благо да поруменат.
Добар апетит!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)