Деликатес: Полнета кајгана

Деликатес: Полнета кајгана

Направете деликатес од јајца кој е идеален за појадок или за рана вечера.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовка.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 3 лажици пармезан
  • 100 гр Пекабеско шунка
  • 150 гр кашкавал
  • сол
  • 1 лажичка сечкан власец
  • 1/2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со миксер, се додаваат сол и власец, па смесата со јајцата се дели на два дела.
  2. На тава се става малку маслиново масло, се загрева и се става да се испржи смесата од првата чинија. Откако ќе се запече долниот дел, оваа палачинка се превртува за да се испече и од другата страна.
  3. Ставете ја на чинија, а истата постапка повторете ја и со смесата од јајца од вториот сад. На неа, откако ќе се испече од двете страни, ставете го кашкавалот исечен на тенки парчиња, па ситно сечканата шунка и пармезанот. Одозгора ставете ја првата палачинка.
  4. Се потпекува во тавчето уште малку, потоа се врти од другата страна. Ставете во чинија, така што делот кој бил последен доле во тавата, сега треба да е горе на чинијата.
  5. Сервирајте топло со кечап и мајонез или со други состојки по вкус.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Повкусно од кајгана, јајце на око и омлет

Кајгана со босилек и павлака

Селска кајгана со компири

Кајгана со кромид и пиперки

Португалска кајгана

ВИДЕО: Не мора да се мачите и превртувате – вака се прави кајгана

Направете кајгана без да го скршите јајцето

Воздушеста кајгана од рерна

singlepost_text