Направете Пуслица торта која воопшто не е комплицирана, туку евтина, вкусна и лесна за подготовка.
Ова се потребните намирници и подготовката на вкусниот десерт:
Состојки:
- 4 јајца
- 200 гр пуслици
- 1 чоколадо за готвење
- 200 гр шеќер во прав
- 300 гр мелени бисквити
- 1 маргарин
- 2 кеси шлаг
- малку маргарин и млеко за кората
Начин на подготовка:
- На бисквитите се става малку растопен маргарин и топло млеко. Се редат во калап за торта, па преку нив се ставаат пуслиците.
- Се двојат белките од жолчките, од белките се прави цврст снег, додека во жолчките се става шеќерот во прав и добро се мати.
- Чоколадото се растопува на пареа, па сè се става во една смеса. Во неа го додаваме маргаринот и повторно матиме.
- Оваа смеса се распоредува преку пуслиците.
- Изматете ги двете кеси шлаг според упатството на кесичката и украсете ја тортата.
На здравје!
Повеќе десерти на Gotvi.mk: