Вкусно предјадење, прилог или мезе. Рендани тиквички со сирење кои имаат одличен вкус.
Во продолжение рецептот за оваа вкусна идеја:
Состојки:
- 2 тиквици
- 2 јајца
- 200 гр сирење
- 100 мл јогурт
- малку масло
- сол
Начин на подготовка:
- Тиквиците се лупат и се рендаат, им се става сол и се оставаат да отстојат 15 минути.
- Добро се цедат од течноста која ја пуштиле, им се става повторно сол, како и зачини по вкус. Ставете ги на плех намачкан со масло.
- Се мешаат во сад сирењето со јајцата и јогуртот, па смесата се става врз тиквиците.
- Се пече во рерна на 200 степени.
Уживајте и гответе со љубов!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Мусака од тиквици – ќе ја обожавате
Брзи и евтини шницли од тиквици
Полнети тиквици по рецептот на нашите баби