Вкусен банана колач

Вкусен банана колач

Направете лесен и вкусен банана колач кој ќе се најде на листата на ваши омилени десерти.

Ова е рецептот за овој десерт:

Состојки за кора:

  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажица како
  • прашок за пециво

Состојки за прелив за кората:

  • 100 гр шеќер
  • 2 дл вода

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 3 пудинга од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 125 гр маргарин
  • 1 кг банани
  • 200 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. За подготовка на кората се матат жолчките со шеќерот, се додаваат белките кои треба да ги изматите одделно, па брашното заедно со малку прашок за пециво. Се пече кората на 200 степени 20 минути.
  2. За преливот за кората се ставаат водата и шеќерот да вријат 10 минути, па се става преливот врз печената кора.
  3. За филот се ставаат пудинзите во млекото, се додава шеќер, а кога ќе се излади се става и маргаринот.
  4. На кората на која сте ставиле прелив, а врз неа половина од филот се редат банани исечени на ленти. Над нив наредете го остатокот од филот, па можете одозгора да украсите со шлаг.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече