Мешана деликатесна мусака

Мешана деликатесна мусака

Направете вкусна мусака на необичен начин. 

Вака се прави овој деликатес – тајната е во комбинцијата на месо:

Состојки:

  • 10 компири
  • 250 гр мелено месо
  • 150 гр мисиркино месо
  • 2 главици кромид
  • сол и вегета
  • 2 јајца
  • малку млеко

Начин на подготовка:

  1. Кромидот се сече ситно и се пржи на масло, па се додава меленото месо со ситно сеченото мисиркино месо, се ставаат сол и вегета и се остава да се динста десетина минути.
  2. Компирот се сече на кругови, а се реди на тава ред компир, ред месо, додека има смеса.
  3. Се матат две јајца со малку млеко и се прелева мусаката.
  4. Ставете да се пече на 220 степени 45 минути.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

На поинаков начин: Мусака од спанаќ

Мусака од слатка зелка

Вкусна мусака од кисела зелка

Мусака од карфиол

Мусака од бајат леб

Необична мусака со моркови

Мусака од тиквици

Мусака на грчки начин