Коцки од макарони – Повкусен деликатес не сте пробале

Коцки од макарони – Повкусен деликатес не сте пробале

Направете коцки од макарони кои се совршени за секоја прилика, а воедно се највкусните кои сте ги пробале.

Ова е рецептот за вистинскиот деликатес:

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 1 л млеко
  • малку сол
  • 1 лажичка масло
  • 1 шолја кисела павлака
  • 4 јајца

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат несварени макарони и се прелеваат со млекото.
  2. Нека отстојат вака половина час, а вие повремено мешајте.
  3. Изматете ги јајцата со маслото и мавлаката, ставете сол и зачини по ваш вкус, па додајте ја оваа смеса во макароните и млекото.
  4. Се ставете во добро подмачкан коцкаст калап и печете 50 минути на 200 степени.
  5. Пред крајот на печењето ставете фолија за да не загори.
  6. Послужете веднаш со сирење.

Добар апетит!

Повеќе на Gotvi.mk:

Потпечен зеленчук со макарони

Макарони со пилешко – кремава тава

Посебен рецепт за макарони

Нова идеја за тестенини

Ваков деликатес со макарони не сте јаделе

бел сос за макарони од две состојки

Запечени пица макарони