Јајца полнети со крем од шунка

Јајца полнети со крем од шунка

Доколку имате ненајавени гости или посакувате поинаков доручек, брзо и лесно можете да ги подготвите овие вкусни залаци.

Состојки:

  • 8 варени јајца
  • 200 гр шунка
  • 2 дл павлака
  • 1 дл мајонез
  • 1 краставица
  • 1 домат

Начин на подготовка:

  1. Сомелете шунка во машина за месо или блендер. Варените јајца исечете ги по должина и извадете ги жолчките.
  2. Жолчките добро изгмечете ги со вилушка и измешајте ги со мелена шунка и павлака.
  3. Наполнете ги јајцата, поклопете ги со краставица исечена на тенки парчиња и украсете со мајонез и парчиња домати.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text