Здрав десерт со совршен вкус!
Состојки:
- 125 гр путер
- 100 гр шеќер
- 2 јајца
- 60 мл млеко (вода)
- 4 банани
- 200 гр брашно
- 100 гр мелено ленено семе
- 100 гр ореви
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- 1 лажичка цимет
- 1/2 лажичка мелено каранфилче
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте млеко, изладен растопен путер и со вилушка изгмечени банани.
- Во брашното измешајте сода бикарбона, додајте ленено семе, сол, цимет, каранфилче и сè измешајте.
- Испечете ги кратко оревите во сува тава (околу 5 минути) и крупно исечкајте ги.
- Одвојте една рака ореви за посипување, а останатите измешајте ги со брашно и соединете со течната маса.
- Сè лесно измешајте и ставете во калап 12х30 см кој сте го обложиле со хартија за печење.
- Од горе посипете со ореви. Печете во рерна загреана на 180 степени 50 минути.
Уживајте!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот