Вкусен сос од лук – Одличен во комбинација со шницли и пилешко месо

Вкусен сос од лук – Одличен во комбинација со шницли и пилешко месо

Направете вкусен сос за месо од лук. Дава одличен шмек како додадок на ручек со шницли или пилешко месо.

Прочитајте како да го приготвите и целиот рецепт:

Состојки.

  • 5 чешниња лук
  • 50 гр маргарин
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл млеко
  • сол и бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот се растопува и се додава брашно, па добро се соединува со мешање.
  2. Се додава и ситно сецканиот лук, па сè заедно малку се динста за да омекне. Потоа се додава и млекото и се динста додека да почне да се згуснува смесата.
  3. Се додаваат сол и бибер и по желба малку сецкан магдонос.
  4. Се става смесата во сад. Одозгора може да декорирате со уште магдонос.
  5. Се служи со месо.

Уживајте и имајте добар апетит 🙂

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Руски гулаш со најкремаст сос

Сочно месо во сос

Црвен сос во шампињони

Сочни шницли во сос од кромид

Тартар сос

Кременадли во ајвар сос

Пикантно пилешко во лут сос

Батаци во сос