Вкусна торта со необично име од која сите ќе сакаат репете. Едноставна е за подготовка, а е одлична за заедничките викенд ручеци.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 7 јајца
- 14 лажици шеќер
- 200 гр кокос
Состојки за фил:
- 250 гр маргарин
- 100 гр чоколадо за готвење
Состојки за глазура:
- 2 пакетчиња шлаг
Начин на подготовка:
- За кора се ставаат седум белки во сад и пенасто се матат со седум лажици шеќер, а кога се ќе се соедини се додава и 200 грама кокос.
- Се става смесата во плех за печење, претходно премачкан со маргарин, и се пече на 180 степени 15 минути.
- За филот се матат во сад седум жолчки со седум лажици шечер, па се става маргаринот за добро да се соедини.
- Чоколадото за готвење се растопува со малку масло, се лади и додава во смесата со филот.
- За подготовка на глазурата се мати шлаг кремот според упатството на кесичката.
- Кога ќе се излади кората се става на неа цел фил, па шлагот врз него кој се декорира по желба.
- Се сече на коцки и се послужува.
На здравје!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Чоколадна торта готова за само 20 минути
Највкусна торта од бело чоколадо
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече