Тестенини со брокула

Тестенини со брокула

За сите љубители на тестенините и италијанската кујна, имаме многу вкусен рецепт кој лесно се прави.

Тестенини со брокула, одличен спој и вкус, особено ако го земеме во предвид фактот колку е брокулата здрава. Таа е една од најдобрите и најздрави намирници за стомакот која е одличен природен лек во борбата со хеликобактеријата.

Еве го рецептот и начинот на приготвување на овие неодоливи тестенини:

Состојки.

  • 250 гр тестенини
  • 500 гр брокула
  • 2 мали лукчиња
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • малку изрендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Брокулата убаво се мие и се разделува на цветови, па заедно со тестенините се става да се вари во солена вода.
  2. Се цедат тестенините и брокулата, а дел од водата оставете го на страна.
  3. На маслиново масло кратко запржете го лукот. Во истиот сад со лукчето, кратко ставете ги и тестенините со брокула. Додајте само мала количина од водата во која претходно ги варевте, како и зачините.
  4. Послужете и доколку не постоте или се храните вегетаријански, додајте одозгора пармезан.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Јадете тестенини пред спиење – тоа е грешка

Вегетаријански сос за тестенини

Нова идеја за тестенини

Тестенини со сос од печурки

тестенини со кајмак

Тава со тестенини

Тестенини со туна и пченка

Тестенини со печурки