Сутлијаш со пудинг од ванила

Сутлијаш со пудинг од ванила

Лесно се прави, а е исклучително вкусен…

Состојки:

  • 5 шолји вода
  • 4 шолји млеко
  • 2 шолји ориз
  • 6 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • по желба: цимет, суво грозје, сечкани ореви, бадеми, лешници…

Состојки:

  1. Згответе го оризот во вода додека не омекне, потоа додајте шеќер, ванилин шеќер, млеко.
  2. Гответе додека не зоврие. Згуснете со разматен пудинг во малку млеко. Гответе уште неколку секунди и тргнете го од шпорет.
  3. Уште врел сутлијашот ставете го во калапи или садови во кои ќе го послужувате.
  4. Од горе посипете по желба: со цимет, суво грозје, сечкани ореви, бадеми, лешници…

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта