Домашна штрудла со крушки: Мирис и вкус кој освојува

Домашна штрудла со крушки: Мирис и вкус кој освојува

Штрудлата со крушки е исклучително мирисна и освежувачка!

Состојки:

  • 9 тенки кори
  • 3 поголеми крушки
  • 3 лажички кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • сушена брусница
  • бланширани бадеми исечкани на листови
  • 2 лажички Марашчино ликер
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 шолја мешавина од растопен путер и млеко
  • путер

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги крушките и исечкајте ги на тенки листови. Додајте им шеќер, ванилин шеќер, брусница, бадеми, цимет и Марашчино. Сè измешајте.
  2. Две кори ставете една на друга и премачкајте ги со мешавина од путер и млеко. Ставете третина од смесата и повторно прекријте со кора. И таа кора премачкајте ја со мешавина од путер и млеко.
  3. Направете ролат, и останатите кори филувајте ги на ист начин. Намастете плех со путер и ставете ги штрудлите. На секоја штрудла ставете по неколку листови путер и печете на 180 степени околу 30 минути. По желба посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта