Поздрави од пржените во масло: Плескавици во рерна со совршен додаток

Поздрави од пржените во масло: Плескавици во рерна со совршен додаток

Вкусни плескавици од рерна кои се далеку поздрави од оние пржени во масло.

Ова е рецептот:

Состојки.

  • 150 гр мелено месо
  • 2 јајца
  • 1 тиквица
  • 1 домат
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 2 чешниња лук
  • магдонос
  • 3 лажици презла
  • малку брашно и сол

Начин на подготовка.

  1. Измијте ја тиквицата и изрендајте ја. Во сад ставете ги меленото месо, тиквицата, рендан домат, јајца, прашокот за пециво, малку магдонос, сецкан лук и сол и бибер.
  2. Сите состојки измешајте ги со лажица, додајте презла и малку брашно за да се добие хомогена смеса.
  3. Направете топчиња или форми на плескавици од смесата и ставајте ги на подмачкан плех.
  4. Печете во загреана рерна на 250 степени десет минути. Потоа намалете ја температурата на 200 степени и печете уште 20 минути додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Највкусни домашни плескавици

Плескавици од компир и пилешко

Гурмански плескавици

Посни плескавици

Плескавици од туна и тиквици

Плескавици од зеленчук

Плескавици кои ќе ве воодушеват