Вкусни и брзи: Мафин крофни со суви кајсии и грозје (Видео)

Вкусни и брзи: Мафин крофни со суви кајсии и грозје (Видео)

Овој десерт едноставно морате да го пробате – старите добри крофни во ново руво!

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 20 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • кора од лимон
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл топло млеко
  • 2 јајца
  • 150 гр суви кајсии
  • 100 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Квасецот потопете го во млако млеко. Додајте шеќер, јајца, кора од лимон, остатокот од млекото и јогуртот, потоа брашно, сол и замесете глатко тесто. Оставете да одмори 30 минути па премесете и направете 12 топчиња (зависи колку отвори има калапот за мафини). Секое топче тенко развлечете го и премачкајте го со путер, потоа нанесете кајсии и суво грозје и сè свиткајте. Расечете со нож по цела должина, но дел оставете. 
  2. Крофните свиткајте ги како што е прикажано на видеото. Така подготвени спуштајте ги калапот за мафини. Оставете ги да нараснат па печете ги на 200 степени околу 30-35 минути. Врелите крофнички можете да ги премачкате со мед.

 

Уживајте!

Деталите за подготовката погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text