Неизоставни ситни колачиња за слава: Кокос кифлички

Неизоставни ситни колачиња за слава: Кокос кифлички

Еден кулинарски сладок класик – кокос кифлички!

Состојки:

  • 250 гр маргарин
  • 150 гр шеќер
  • 1 јајце + 2 жолчки
  • 200 гр кокос
  • 350 гр брашно + 2-3 лажици
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Добро разматете маргарин, шеќер, јајце и жолчки. 
  2. Додајте кокос и полека измешајте со лажица. Полека додавајте брашно и прашок за печиво. 
  3. Замесете тесто да не се лепи, а ако се лепи, додајте уште малку брашно. 
  4. Од тестото правете мали кифлички и редете ги на плех на кој претходно сте ставиле хартија за печење. 
  5. Во загреана рерна на 200 степени печете ги кифличките околу 15 минути, додека не поруменат. 
  6. Наредете ги во кутија за чување и посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

 

singlepost_text